ПРЕМИЕРА: Ferrari F8 Spider – 720 коњски сили и ветер во косата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari F8 Spider – 720 коњски сили и ветер во косата

Како што и очекувавме, Ferrari ја претстави отворената верзија на F8 Tributo – која се вика F8 Spider и доаѓа со истиот 3.9-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 720 коњски сили.

Инженерите и дизајнерите на Ferrari не експериментирале премногу со F8 Spider – но да бидеме искрени, не ни имало потреба. F8 Tributo веќе изгледа фантастично, а можноста да се вози под отворено небо со F8 Spider е само бонус.

Средно-поставениот 3.9-литарски твин-турбо V8 испорачува 720 коњски сили и 770 Nm вртежен момент – сосем доволно за моќниот спајдер да забрза до 100 километри на час за 2.9 секунди, до 200 километри на час за 8.2 секунди и да постигне максимална брзина од 340 километри на час.

Импресивна е и тежината на F8 Spider – иако се додадени дополнителни зајакнувања на шасијата и вграден е механизам за кровот, F8 Spider тежи само 1400 килограми.

Официјалната премиера е закажана за оваа седмица во Франкфурт, кога ќе бидат објавени и детали околу цената – но да бидеме реални, таа нема да биде ниска.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.