ПРЕМИЕРА: Збогум 488 GTB, добредојде Ferrari F8 Tributo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Збогум 488 GTB, добредојде Ferrari F8 Tributo!

Ferrari во Женева ќе се претстави со F8 Tributo, но ние веќе ги имаме првите фотографии и детали за наследникот на 488 GTB!

Наследникот на 488 GTB го користи истиот 3.9-литарски твин-турбо V8 бензинец, но со неколку значителни модификации. Сега моторот испорачува 720 коњски сили при 8000 вртежи во минута и 770 Nm вртежен момент од 3250 вртежи во минута – тоа е зголемување за 50 коњски сили и 10 Nm вртежен момент. Ова се истите спецификации како кај 488 Pista, па не би биле изненадени доколку се работи за истиот мотор.

Преведено во перформанси, сето тоа значи 100 километри на час за 2.9 секунди (0.1 секунда побрзо од 488 GTB), 200 километри на час за 7.8 секунди (0.5 секунди побрзо од GTB) и максимални 340 километри на час. Подобрените перформанси не се само заради зајакнатиот мотор – F8 Tributo е 40 килограми полесен од 488 GTB и тежи само 1330 килограми. Дополнително, аеродинамиката е подобрена за 10%, а новата каросерија отвора пат кон нов дизајнерски јазик на Ferrari.

F8 Tributo добива и освежена кабина со нови отвори за воздух, редизајниран управувач и уште неколку други, поситни измени – нови контроли, нов дизајн на внатрешноста на вратите и нов 7-инчен дисплеј поставен пред совозачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.