full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan EVO Spyder

Сега ќе можете да го слушнете врескачкиот V10 на вашиот Lambo Huracan Evo уште подобро благодарение на отворениот кров!

Новиот електрохидрауличен систем во Evo Spyder му овозможува на италијанскиот кабриолет да го отвори или затвори својот кров за само 17 секунди, и тоа при брзини до 50 километри на час. Дизајнот истиот како и кај купе верзијата – со таа разлика дека тука нема кров, секако.

Инаку, Evo Spyder го добива истиот врескачки атмосферски 5.2-литарски V10 кој испорачува 640 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Кабриолетот тежи 1542 килограми, забрзува до 100 километри на час за 3.1 секунда, 200 километри на час за 9.3 секунди и постигнува максимални 325 километри на час.

Evo Spyder го добива и Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata (колку кул звучи, нели?) систем кој ги контролира динамичките карактеристики на автомобилот – а тука ги вбројуваме системот за управување на задните тркала, системот за погон на сите четири тркала, системот за распределување на вртежниот момент како и контролата на тракцијата.

Првите автомобили ќе бидат испорачани оваа пролет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.