ПРЕМИЕРА: Ferrari 812 GTS е најмоќниот кабриолет во сериско производство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari 812 GTS е најмоќниот кабриолет во сериско производство!

Благодарение на врескачкиот, атмосферски 6.5-литарски V12 кој испорачува 800 коњски сили, новиот Ferrari 812 GTS е најмоќниот кабриолет во сериско производство.

Најмоќниот кабриолет во светот го дели моторот со 812 Superfast – а тоа значи дека добива 6.5-литарски, атмосферски V12 кој испорачува 800 коњски сили при 8500 вртежи во минута и 720 Nm вртежен момент при 7000 вртежи во минута. Перформансите? Доколку сте доволно храбри, 100 километри на час пристигнуваат за помалку од 3 секунди, 200 километри на час за 8.3 секунди, а ќе достигнете максимална брзина која е „повисока од 340 километри на час.“

Интересен детал кој вреди да се напомене е дека ова е прв пат Ferrari да пушти кабриолет со предно-поставен V12 во сериско производство по цели 50 години – последниот ваков автомобил беше легендарниот Ferrari Daytona. Секако, Ferrari имаше и други вакви автомобили во изминатите декади, но сите тие беа ексклузивни и лимитирани серии.

812 GTS добива цврст покрив кој може да се отвори или затвори за само 14 секунди, и тоа при брзини до 45 километри на час. Дополнителните зајакнувања на шасијата, како и механизмот за кровот додаваат цели 75 килограми на тежината на 812 GTS – но да бидеме искрени, сигурни сме дека никој нема да го забележи тоа. Не со 800 коњски сили на располагање, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.