full screen background image
Search

Mercedes-Benz ги претстави плаг-ин хибридните GLC и GLE

Германскиот бренд се подготвува за својот настап во Франкфурт, а меѓу најинтересните новитети таму ќе бидат токму плаг-ин хибридните изведби на GLC и GLE.

Првиот новитет е GLC 350e 4MATIC EQ Power – кој во интересн на избегнување на лудилото ќе го нарекуваме едноставно GLC 350e. Овој плаг-ин хибрид комбинира 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 211 коњски сили и 350 Nm вртежен момент со електромотор со моќност од 123 коњски сили и 440 Nm вртежен момент, како и батерија со капацитет од 13.5 kWh. Сето тоа резултира со системски 320 коњски сили и 700 Nm вртежен момент – и „стотка“ за 5.7 секунди, односно максимални 230 километри на час. Она што е особено важно е дека GLC 350e ќе може да помине до 43 километри на електрична енергија.

Вториот – и уште поинтересен – новитет е GLE 350 de 4MATIC. Овој хибрид комбинира 2-литарски турбодизел кој испорачува 194, батериски модул со капацитет од 31.2 kWh и електромотор. Вкупната системска моќност е иста како кај бензинецот – 320 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, но бидејќи се работи за поголем и потежок автомобил, спринтот до 100 километри на час трае 6.8 секунди. Но импресивниот детал е автономијата на електрична енергија – благодарение на поголемата батерија, GLE 350d може да помине до 100 километри на електрична енергија според WLTP мерењата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.