Македонска премиера на новиот KIA XCeed! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новиот KIA XCeed!

Вчеравечер на гала-настан, КИА Моторс Македонија го претстави најновиот член на Ceed-семејството – новиот кросовер XCeed!

Кросоверот XCeed е многу повеќе од само „Ceed на повисока суспензија“. Всушност, единствениот панел од каросеријата кој двата модели го делат се предните врати – сè друго е различно. XCeed е и подолг и поширок од Ceed, а истовремено е и цели 42 милиметри поодалечен од подлогата – и токму тоа го прави кросовер во вистинска смисла на зборот.

Како што ни се допаѓаше на фотографии, XCeed ни се допаѓа и во живо – пластичните заштитни панели му даваат интересен, робустен лик, а формата е некако купеовска. Има мал милион интересни детали, на кои ќе обрнеме повеќе внимание наскоро, кога ќе го добиеме XCeed на тестирање.

На нашиот пазар, основен мотор е 1-литарскиот T-GDI со 120 коњски сили (кој неодамна го возевме во Ceed Black Pack), додека едно скалило над него е 1.4-литарскиот T-GDI со 140 коњски сили. Ќе се нуди и 1.6-литарскиот CRDi турбодизел во изведба со 136 коњски сили. Цените започнуваат од 18.550 евра за XCeed LX Vision со 1-литарскиот T-GDI со 120 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.