Започна производството на новата Škoda Octavia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на новата Škoda Octavia

Новата Škoda Octavia започна да се произведува во фабриката во Млада Болеслав, од каде секој ден ќе излегуваат по 1150 нови автомобили.

Токму главната фабрика на Škoda – онаа во Млада Болеслав, во Чешката Република – е фабриката каде започна сериското производство на новата, четврта генерација на Octavia. Од Škoda кажуваат дека по 1150 примероци од новата Octavia ќе се произведуваат секој ден. Поради популарноста на караванската изведба, приоритет е даден токму на Octavia Combi, додека продажбата на новата Octavia во нејзината liftback изведба ќе започне само неколку седмици подоцна.

Секоја година Škoda испорачува околу 400.000 примероци на Octavia на своите купувачи ширум светот, а досега се продадени вкупно околу 6.5 милиони примероци. Инаку, Octavia се произведува во неколку различни фабрики, воглавно наменети за локалните пазари. На самиот старт, новата Octavia ќе се нуди во нејзините регуларни изведби, а понатаму ќе започне да се произведува и спортската Octavia RS, како и робустниот Octavia Scout, како и плаг-ин хибридните модели со iV ознака.

Како што веќе пишувавме, новата Octavia ги добива сите нови технологии кои Volkswagen групацијата ги нуди.  Новата Octavia беше претставена пред само неколку седмици, и доколку сакате да дознаете повеќе за неа, кликнете на овие зборови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.