Мак Аутостар станува генерален увозник за маслата CYCLON – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мак Аутостар станува генерален увозник за маслата CYCLON

Мак Аутостар – компанијата која веќе е импортер за возилата на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors  од неодамна стана генерален дистрибутер на моторното масло Cyclon.

На пригодна свеченост, брендот Cyclon беше претставен во новиот Премиум Бизнис Центар на Мак Аутостар пред повеќе од 80 компании.

„Како што соодвествува на брендот и во овој дел на бизнисот (популарно наречен aftermarket), Мак Aутостар соработува со странски компании, претежно производители чија главна карактеристика е квалитетот и гаранцијата за производот. Добрата логистика, пристапните цени, навремена испорака и комуникацијата со купувачите се одлики со кои Макаутостар континуирано го зголемува бројот на коминтенти односно корисници на неговите услуги на полето на aфтермаркет работењето“ – изјави Димитар Џеков, директор за резервни делови во Мак Аутостар.

Cyclon е светски реномиран бренд за лубриканти со висок квалитет и е во сопственост на компанијата LCP, која, пак, е 100% подружница на Групацијата Motor Oil Hellas, која поседува сопствени рафинерии за нафта. Cyclon веќе 35 години го следи духот на иновациите, високата технологија, економијата и заштитата на животната средина, постојано воведувајќи иновации во технологијата за подмачкување, заради обезбедување сеопфатна заштита на моторот на корисниците во целиот свет.

Извор: PR Мак Аутостар



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.