full screen background image
Search

Toyota Supra стана уште поагресивна благодарение на AC Schnitzer

AC Schnitzer го подготви првиот тјунинг пакет наменет за возило кое не ја носи значката на BMW, а тоа е новата Toyota Supra.

Иако меѓусебното користење на платформи и мотори ги налути фановите на Toyota Supra, сепак тоа донесе други придобивки, а тоа е дека тјунинг компаниите на BMW почнаа да работат на елементи наменети за новата Supra. Првиот таков е познатиот AC Schnitzer, кој разви цел асортиман додатоци за дотерување на екстериерот и подобрувања на перформансите.

Почнувајќи со естетските измени, во понуда е агресивен преден сплитер кој навистина одлично се вклопува на предниот браник. На задниот дел може да се додаде фиксен спојлер над багажникот, а тука се и отвори за вентилација на поклопецот на моторот и нови 20-инчни фелни со пет краци.

Што се однесува до перформансите, AC Schnitzer ја зголемува силата од станардните 340 кс на 400 коњски сили, а исто така го зголемува и вртежниот момент. За подобрување на звукот, тјунерската компанија нуди нов издувен систем од нерѓосувачки челик или карбон.

За да ја „припитоми“ зголемената сила, AC Schnitzer ја замениле стандардната суспензија со прилагодливи амортизери и дружини, а со цел да го подобри управувањето, компанијата ја намалува висината на предната и задната оска на возилото за 25 милиметри. Овие промени би требало да го направат моделот уште позабавен за возење од стандардната Supra.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.