ПРЕМИЕРА: Конечно, новата Toyota GR Supra – 340 коњски сили, 0-100 за 4.3 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Конечно, новата Toyota GR Supra – 340 коњски сили, 0-100 за 4.3 секунди!

По многу, многу најави и многу, многу протечени фотографии, Toyota конечно ја претстави новата Supra.

Развиена во соработка со BMW, новата Toyota GR Supra (GR значи Gazoo Racing) е вистинско враќање на легендата. Рецептот е истовремено едноставен и прилично хај-тек. Напред е поставен 3-литарски линиски шест-цилиндерски турбо-бензинец кој ја пренесува силата кон задните тркала преку 8-брзински ZF автоматски менувач. Турбо-бензинецот испорачува 340 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – сосем доволно за спринт „до стотка“ за 4.3 секунди.

Дизајнот веќе го познаваме – Toyota го претстави FT01 уште пред неколку години, а токму тој концептен автомобил е помалку или повеќе директно преточен во она кое го гледаме денес. Самиот претседател на Toyota – Akio Toyoda – го тестираше новиот автомобил на Nurburgring и го даде зеленото светло за тој да биде пуштен во сериско производство.

На самиот старт, Toyota GR во Европа ќе понуди 900 ексклузивни примероци на новата Supra. Оние кои ќе резервираат еден од овие автомобил ќе уживаат во неколку специјални придобивки – ќе имаат ексклузивен пристап до специјални настани, како и други награди и подароци додека го очекуваат својот автомобил.

Инаку, новата Toyota GR Supra е вистински спортски автомобил – почнувајќи од ниската и широка силуета, па сè до моќниот мотор и купеовската форма – ова е автомобил кој луѓето од Toyota го опишуваат како „големиот брат на GT86“. Тоа кажува и ветува многу, а нам ни останува само да се надеваме дека ќе имаме можност да седнеме зад управувачот на новата Supra.

Поврзано:   Новата, втора генерација на Toyota C-HR пристигна во Македонија

Легендата се врати!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.