LADA ја лансира Vesta Sport – компактен спортски седан со 145 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

LADA ја лансира Vesta Sport – компактен спортски седан со 145 коњски сили!

LADA се пофали со успешна година и најави дека веќе се започнати испораките на спортската верзија на Vesta.

„Ветивме дека продажбата на Vesta Sport ќе започне до крајот на годината, но производството започна на самиот крај а некои дилери ги добија возилата на почеток на Јануари. Не доцниме со производство – ова е нашиот знаменосец и сакавме да бидеме стопроцентно сигурни во високиот квалитет“ – изјави Јан Птачек, одговорниот за продажба и маркетинг во Avtovaz.

Lada Vesta Sport е компактен седан кој носи модерен мотор. Моторот е доработен и надграден, и наместо досегашните 122 коњски сили, сега испорачува 145 коњски сили. Во ред, тоа не е екстремна бројка, но сосем доволна да ја забрза Vesta Sport до 100 километри на час за респектабилни 9.6 секунди и максимални 200 километри на час.

Autodesk VRED Professional 2017 SP1

На фотографиите можеме да видиме многу спортски детали – од спортски бодикит, па до поголеми тркала и кабина со спортски седишта, контрастни опшивки и многу други ситници. Интересен автомобил, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.