full screen background image
Search

General Tire пневматиците ја интензивират соработката со NASCAR Whelen Euro серијата

Autosport International Show во Бирмигнем беше местото каде General Tire пневматиците го покажаа „своето“ возило изработено во соработка со експертите од NASCAR.

Автомобилот е подготвен за прикажување на разни настани и шоуа, но одлично ја истакнува соработката меѓу американскиот бренд (кој е под капата на Continental) и NASCAR Whelen Euro тркачката серија.

General Tire ќе ги снабдува сите тимови во тркачката серија со пневматици наменети за сува или мокра подлога. За да ја прослави оваа соработка, General Tire во соработка со NASCAR Whelen Euro подготви брендирано возило за Autosport International шоуто. По она кое можеме да го видиме, тркачкиот автомобил (кој иако нема да се натпреварува) би изгледал „како дома“ на тркачките патеки.

„Autosport International е одлично место да се претставиме како официјален партнер за пневматици на NASCAN Whelen Euro“ – изјави Guy Frobisher, сениор проектен менаџер во General Tires Europe, и додаде – „Ова е само почеток на ова возбудливо заедничко патување на двата брендови и  со нетрпение го очекувам стартот на серијалот во Април.“

Застапници за General Tire за нашиот пазар се нашите пријатели од Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.