Tesla Model 3 во Европа ќе чини од околу 55.000 евра – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 во Европа ќе чини од околу 55.000 евра

Купувачите во Европа ќе добијат две верзии од Tesla Model 3 – обете со два електромотори и погон на сите четири тркала.

Во Европа, Tesla ќе го лансира Model 3 во две верзии – Long Range Battery и Performance. Обете верзии ќе бидат Dual Motor, односно со два електромотори и погон на сите четири тркала.

Model 3 ќе има најниска цена во Франција, каде цените започнуваат од 53.500 евра за основната верзија, односно 64.300 евра за Performance верзијата. Највисока ќе биде цената во Финска, каде започнува од 60.500 евра за основната верзија, односно 71.700 евра за Performance верзијата. Во Германија, основната верзија ќе чини 55.400 евра, додека Performance верзијата ќе чини 69.700 евра.

Long Range верзијата има автономија од 560 километри со едно полнење, додека Performance верзијата има автономија од 530 километри – но од друга страна, Performance верзијата забрзува „до стотка“ за 3.5 секунди и постигнува максимални 250 километри на час, додека на „послабата“ верзија и се потребни 4.8 секунди до 100 километри на час и постигнува „само“ 233 километри на час.

Европските купувачи ќе можат да изберат меѓу пет бои, од кои само едната е бесплатна, а за најскапата ќе морате да доплатите 2600 евра. Дополнително, можете да потрошите 1600 евра на 19-инчни тркала, 1050 евра на двобоен ентериер, 5300 евра на Enhanced Autopilot системот…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.