full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan Evo – Затегнат дизајн, повеќе сила, подобра кабина и нови технологии!

Освежениот Huracan доаѓа со 640 коњски сили, кои му овозможуваат на италијанското супер-купе да катапултира до 100 километри на час за само 2.9 секунди!

Ајде да започнеме со стајлингот – Huracan EVO добива редизајниран преден браник со интегриран спојлер кој според она што го кажуваат од Lamborhini би требало значително да го подобри протокот за воздух. Профилот јасно и гласно ги демонстрира новите тркала, но и новите странични отвори за воздух. Задниот дел има претрпено најмногу измени – завршетоците од издувниот систем се поставени високо во браникот, додека дифузерот е уште понагласен а задниот спојлер го дополнува агерсивниот лик.

Исто така, и кабината добива значително освежување. Многу од површините се покриени во Алкантара или кожа, а може да се добијат и карбонски композити како и многу можности за персонализација преку Ad Personam програмата на Lamborghini. Новитет е и новиот 8.4-инчен мултимедијален уред со Multitouch, Apple CarPlay и уште многу, многу други функционалности.

Сепак, најважна е моќноста. 5.2-литарскиот атмосферски V10 сега испорачува 640 коњски сили при 8000 вртежи во минута и 600 Nm вртежен момент при 6500 вртежи во минута. Huracan EVO тежи 1422 килограми, а сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за само 2.9 секунди, до 200 километри на час за рамно 9 секунди и максимална брзина „повисока од 325 километри на час“. Huracan EVO го добива и Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata (LDVI) системот – процесор кој е задолжен да го контролира секој аспект на возилото и кој соработува со Lamborghini Piattaforma Inerziale (LPI) сензорите. Тука е и системот за управување на задните тркала, ревидираната суспензија, новиот преработен систем за контрола на тракцијата, ревидираниот систем за погон на сите четири тркала и уште многу, многу повеќе…

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan EVO Spyder


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.