Протече првата фотографија од освеженото BMW Серија 7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протече првата фотографија од освеженото BMW Серија 7

Се појави првата фотографија од фејслифтот на актуелната генерација на BMW Серија 7, кој ќе биде претставен наскоро.

Сликата потекнува од инстаграм профил на член кој учествувал на изложба од затворен карактер, наменета за важни личности на брендот. Истата прикажува дека обновувањето на Серија 7 добива слични дизајнерски елементи како кај новиот X7, а е главно инспириран од Vision Future Luxury концептот прикажан во 2014.

Како резултат на тоа, моделот доаѓа со поостри линии и потенки предни светлосни групи кои повторно со споени со уште поголемите „бубрези“ обвиени со хромирани лајсни. Браникот е исто така редизајниран во подинамичен и полуксузен изглед, нагласен со повеќе хромирани додатоци.

Сè уште нема сознание за тоа како ќе изгледа задниот дел, меѓутоа според шпуинските фотографии од тест возилата се очекува задните светла да бидат со сличен дизајн како оние кај Серија 3, но со дополнителен LED панел кој ќе се протега од едното до другото светло. Ентериерот најверојатно ќе го добие новиот дигитален панел со инструменти, како и најновиот iDrive мултимедијален систем.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.