Новиот Focus е вистински хит за Ford – продадени повеќе од 40.000 примероци за само 6 месеци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Focus е вистински хит за Ford – продадени повеќе од 40.000 примероци за само 6 месеци!

Ford се гордее со успехот на новиот Focus – во првите шест месеци од лансирањето на новиот хечбек на пазарот продадени се повеќе од 42.000 примероци, а дури 40% од нив се спортската ST-Line варијанта!

Новиот Focus е вистински хит за Ford – во првите шест месеци од лансирањето на новиот Focus, продадени се повеќе од 42.000 примероци. Дополнително, од Ford кажуваат дека повеќе од 40% се одличната ST-Line варијанта, а популарни се и Desert Island Blue сината боја, како и новиот 8-брзински автоматски менувач.

„Медиумите, експертите и нашите купувачи имаат само убави зборови за целосно-новиот Focus – а тоа се рефлектира како во наградите кои ги освојува Focus, така и во продажбата“ – изјави Glen Goold, еден од одговорните за хечбекот, и додаде – „Да бидеме сметани за најдобри во толку компетитивен сегмент е навистина огромна работа.“

И навистина – Focus е веќе прогласен за Автомобил на Годината за 2019 во Хрватска и Финска, а победник е во 10 различни категории ширум Европа, но и финалист за Европски Автомобил на Годината. Тоа е навистина голем успех – и верувајте, има зошто. Новиот Focus ни остави одлични впечатоци кога летоска го возевме на интернационалната презентација во Франција, а тие впечатоци се потврдија кога повторно седнавме зад управувачот тука во Македонија.

Новиот Focus може да се добие со неколку турбо-бензински и турбодизел мотори, кои може да се комбинираат со 6-степен мануелен или 8-брзински автоматски менувач. Focus воведува многу новитети во сегментот – меѓу кои вредат да ги истакнеме одличниот Head-Up дисплеј и најновата генерација на SYNC инфозабавниот систем. Дополнително, Focus освои и максимални пет ѕвездички на EuroNCAP тестовите за безбедност, каде организацијата која ја тестира безбедноста на автомобилите ги истакна активните системи за безбедност кои можат да се добијат кај германскиот хечбек.

Поврзано:  Ford се согласи дека плановите за целосна електрификација до 2030 се „премногу амбициозни“

Како што веќе знаеме, Focus може да се добие во неколку различни изведби – луксузната Vignale, спортскиот ST-Line, опремениот Titanium и несекојдневната Active верзија наменета за оние со поактивен животен стил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.