Официјално претставен робустниот Ford Focus Active – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен робустниот Ford Focus Active

Со подигнатата суспензија и модификации на шасијата, оваа верзија на Focus е oбидот на Ford да ја пополни празнината меѓу обичните патнички автомобили и SUV.

Дизајнерски, Focus Active Wagon се диференцира од стандардниот Focus преку додатни црни пластики, редизајнирани браници и странични прагови, нов дизајн на алуминиумските тркала, кровни носачи во стандардната опрема, како и она најважното: 30mm подигнато подвозје напред, и 34mm позади.

Внатрешноста нуди седишта со изразени странични потпори, посебен Active материјал опшиен со сини шевови, сини детали на вратите, волан и менувач обложени со кожа, украсни лајсни на праговите како и посебни Active патосници со сини опшивки.

Во поглед на шасијата, модификациите опфаќаат независна задна суспензија, нови стабилизатори како и нови амортизери и спирали меѓу другото. Според Ford, ова придонесува до помеко, поудобно чувство при патување. Дополнителни промени се додавање на Slippery и Trail опции во системот за контрола.

Изборот на мотори е помеѓу два EcoBoost бензински и два EcoBlue дизелски агрегати со зафатнини од 1.0 до 2.0 литри и моќност од 120 до 150 коњски сили. Менувачите меѓу кои можете да бирате се 6-брзински мануелен и 8-брзински автоматик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.