Тукушто објавените фотографии од пик-ап верзијата на Jeep Wrangler претставуваат официјална потврда дека моделот всушност ќе доживее сериска изведба под името Jeep Gladiator.
Името Jeep Gladiator влече потекло од 1960-тите години, кога Jeep нуделе пик-ап со истото име. Тоа е всушност и единствениот пик-ап во изминатите 50-тина години, нешто кое пазарите, осовено оние во Северна Америка неуморно го бараат.
Базиран на Wrangler, Jeep Gladiator веројатно ќе биде најспособниот пик-ап на пазарот. Промените во споредба со Wrangler се случуваат од предните врати кон задниот дел, со 152 цм долгиот товарен простор, редизајнирана кабина со место за 5 патници, како и релоцирање на резервната гума од 5-тата врата на долната страна на товарниот простор. Една од работите по кои Gladiator ќе биде единствен е покривот кој, како и кај Wrangler, ќе има опција за отстранување и според Fiat-Chrysler, “ќе биде единствениот кабрио пик-ап на пазарот”.
Со Jeep Gladiator ќе може да се избира помеѓу 3.6 литаски V6 бензински агрегат со 285 коњски сили (со 6 брзински мануелен или 8 брзински автоматски менувач) и 3 литарски V6 дизел мотор со 260 коњски сили (исклучиво достапен со 8 брзински автоматски менувач). Покрај погонските единици, купувачите може да избираат помеѓу два типови на погони на 4 тркала, како и заклучувачки диференцијали.
Повеќе детали ќе бидат достапни по 28 ноември, откако Jeep Gladiator ќе биде претставен пред јавноста на авто саемот во Los Angeles.