Протекоа први фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа први фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA!

Премиерата на новата генерација на Mercedes-Benz CLA е закажана за вечерва, но ние веќе имаме неколку фотографии, како и ексклузивна скица директно од дизајнерот – Славче Таневски!

Иако премиерата е закажана за вечерва, веќе ги имаме првите фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA. Од она што можеме да го забележиме, новиот CLA очигледно влече инспирација како од A-Class, така и од новиот CLS. Она што е за поздрав е дека овој пат CLA не е скоро идентична како A-Class, туку има свој издвоен идентитет. Во чест на тоа, добивме ексклузивна скица директно до дизајнерот на новиот CLA – македонскиот дизајнер Славче Таневски!

Новиот CLA ќе биде значително попросторен од својот претходник – па ќе има повеќе простор како на предните седишта, така и за патниците на задната клупа. Ентериерот наликува на оној кај A-Class – а тоа значи дека го добиваме врвниот MBUX систем, како и системите за асистенција во возењето.

Вечерва ќе ги имаме сите податоци околу новиот CLA – вклучувајќи ги и моторите. Секако, можеме да ги очекуваме истите мотори кои се нудат кај A-Class, а тоа значи цела лепеза на турбо-бензински и турбодизел мотори, а не е исклучена ниту хибридна варијанта која би пристигнала на пазарот за неколку години. Секако, купувачите ќе можат да изберат и меѓу мануелен и автоматски менувач, како и погон на предните или 4Matic погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.