Sportage беше најпродаваниот модел на KIA во 2018 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sportage беше најпродаваниот модел на KIA во 2018

Минатата година KIA продала 2.812.200 возила, од кои најпродаваниот – Sportage – е продаден во 501.367 примероци!

Јужнокорејскиот бренд е првиот кој ги објави продажните резултати за целата мината година – и се пофали со зголемена продажба за не-баш-незначителни 2.4%. KIA минатата година продаде 2.812.200 возила. Луѓето од KIA се толку убедени во квалитетот на своите возила, што за оваа година си поставија нова цел – 2.92 милиони возила, зголемување за 4 проценти во однос на продадените возила во 2018.

Сосем очекувано, најпродаван е популарниот Sportage. Глобално испорачани се 501.367 возила. Зад него е KIA Rio со 355.852 продадени возила во 2018. На трето место е компактниот седан Forte, кој не се продава во Европа, а е испорачан во 328.504 примероци. Ние веќе го возевме освежениот Sportage, како и сосем новиот Ceed.

Таргетот кој KIA го има поставено за оваа година не е толку недостижен, ако земеме во предвид дека корејскиот бренд се подготвува да лансира неколку нови или освежени модели во месеците кои доаѓаат – на пазарот ќе пристигне третата генерација на Soul, новиот кросовер базиран на Ceed, како и големиот SUV со името Teluride.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.