Автомобилот на Годината и Мажот на Годината за 2018 влегуваат во моќно партнерство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилот на Годината и Мажот на Годината за 2018 влегуваат во моќно партнерство!

Д-р Владимир Чадиковски, кој беше избран за Маж на Годината за 2018 и Volvo XC40 влегуваат во соработка – тој е сопственик на сосем нов Volvo XC40 D4!

Автомобилот на годината за 2018 Volvo XC40 и Мажот на годината за 2018, д-р Владимир Чадиковски склучија моќно партнерство. Доктор Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија и ова е почеток нешто што ќе претставува долгорочна соработка помеѓу Чадиковски и новиот дилер на Volvo во Македонија – Премиум АГС. Елегантен изглед со моќни перформанси да го зграби секој предизвик, Volvo XC40 е вистинскиот избор за секој маж кој го препознава квалитетот. Не случајно мажот на годината за 2018 година и човекот со најголем придонес во општеството заедно со Volvo XC40 ја сплотија енергијата и моќно чекорат по патот на успехот.

„Во 2019 одбележувам 21 година од мојата професионална кариера. Низ годините сум добил многу признанија за својот труд, но особено ми е драго што годината ја завршувам со признание Маж на годината 2018. Убаво е чувството кога по толку голема посветеност, вложена енергија, време и труд за професионално усовршување, добивате вакво признаниe, а посебно кога алката ја надополнува и Volvo. По напорен ден, ви треба стабилност и удобност, а за старт на денот во мојата професија потребна е енергија и моќ за сите предизвици. Volvo XC40 е вистинскиот избор за мене. Сакам да изразам голема благодарност до тимот на Премиум АГС кои ме поврзаа со еден премиум бренд како Volvo.” – вели д-р Владимир Чадиковски.

Успехот е нешто за што треба да работите, да го стекнете и да се усовршите во полето на вашата работа, а чувството на моќ додека го возите вашиот Volvo е надополнување на стилот и елеганцијата на еден вистински џентлмен.

Уште од самото излегување на пазарот, побарувачката за Volvo XC40 е огромна и многу е веројатно дека овој мал SUV ќе стане најбараниот модел во историјата на Volvo! Пред воопшто да се појави, од Volvo објавија дека имаат повеќе од 60.000 нарачки и тоа без моделот да биде достапен на неколку големи пазари, како на пример кинескиот!
Mногу пред да го покажат автомобилот во својата сериска верзија, минатата година, Volvo објави дека идејата за оптимална персонализација ќе биде во центарот на новиот XC40.

Поврзано:   Дамите го одбираат Women's Worldwide Car of the Year - ова се финалистите!

Од брендот ветија дека идните сопственици на автомобилот ќе имаат можност да го конфигурираат својот нов XC40 во бројни надворешни и внатрешни комбинации на бои што го прави моделот со најширока понуда во историјата на Volvo. Ние веќе имавме можност да го тестираме новиот XC40, и тоа токму во истата изведба – прочитајте го нашиот тест на шведскиот SUV!

Од Volvo, силно веруваат во овој модел. Тие се сосема разумно уверени во квалитетите на XC40 и ветуваат дека со него ќе имаат вистински мулти-профилен автомобил, подготвен да ги задоволи барањата на целиот пазар.

Извор: PR Volvo



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.