full screen background image
Search

BMW Individual M850i Night Sky е од сосем друг свет

Individual дивизијата на BMW која има задача да ги персонализира возилата во согласност со барањата на купувачите го подготви M850i Night Sky, кој користи парчиња од метеорит во ентериерот!

Во кабината на луксузното супер-купе се користени делови од метеорит, а слична приказна инспирирана од вселената продолжува и на различни делови од ектериерот. Делови од метеорит се користени во украсни детали на централната конзола, старт-стоп копчето, украсен детал на менувачот и iDrive контролерот. Дополнително, ќе забележите делови од метеорит и на заштитните панели на вратите. Widmanstätten изгледот на овие детали е именуван по човек од 19-тиот век кој го прв го опишал овој изглед, а е резултат на кристали од железо и никел кој се формираат на метеорите низ текот на околу 10 милиони години.

Истиот изглед продолжува и на седиштата и тапацирот на кровот, а мајсторите од BMW успеале да го вметнат истиот изглед и во сопирачките и направиле специјални капаци за страничните ретровизори. Дополнително, M850i Night Sky добива и 3D-испечатени клешти за сопирачките кои се до 30% полесни од стандардните. Интересна е и бојата – како основа е користена богата црна боја, а потоа е ставен и слој San Marino сина металик боја. Конечниот резултат? Импресивен!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.