full screen background image
Search

Volkswagen T-Roc е најпродаваниот автомобил во Август 2022 во Европа

JATO Dynamics објави брилијантни резултати за малиот кросовер на Volkswagen, по кои се искачи на врвот на листата за најпродавани автомобили во Европа.

Со вкупно 15,953 остварени продажби, T-Roc освои најмногу симпатии од Европските купувачи во осмиот месец од актуелнава година. Веднаш, зад него, на втората позиција заврши популарниот Peugeot 208, кој регистрираше вкупно 15,146 продадени примероци.

За третата позиција се приграби Dacia Sandero, со забележани вкупно 14,830 продадени возила, пред четвртопласираниот Fiat 500, кој оствари 13,593 продажби. „За влакно“ позади него, со само 13 примероци помалку заврши Toyota Yaris, со вкупно 13,580 продажби.

Популарноста на Volkswagen Golf се чини дека продолжува да се намалува, откако падна на шестата позиција, како последица на продадените 12.271 примероци.

Citroen C3 го освои седмото место со остварени 11,834 продажби, додека Opel Corsa се најде на осмата позиција со 11,815 продадени возила. Овие два модели ги заокружуваат четирите модели на Stellantis кои се најдоа во листата.

Skoda Octavia и Hyundai Tucson со продадени 11,238 и 10,866 примероци редоследно ја завршуваат табелата од 10 најпродавани модели.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.