Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од оваа година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од оваа година

Најновиот извештај на JATO открива дека францускиот градски автомобил е најпосакуваниот модел во првите шест месеци од тековната година.

Малиот Peugeot 208 регистрираше вкупно 110,252 продадени примероци. Се чини дека 208 ќе ја одземе годишната титула на Volkswagen Golf, доколку Dacia Sandero не стане уште попобаруван.

Супермини моделот на Dacia го освои второто место, откако пронајде 96,793 нови купувачи или околу 7,000 повеќе од третопласираниот Volkswagen Golf, кој забележа 88,903 продажби.

Веднаш позади него се најде Opel Corsa, по регистирани 88,217 нови возила, пред првиот SUV модел на листата – Volkswagen T-Roc, кој се продаде во 86,164 примероци.

Со помош на новата електрична верзија заслужна за 38% од вкупната бројка, култниот Fiat 500 го освои шестото место со остварени 85,196 вкупно продажби.  Зад него, на седмата позиција се најде Hyundai Tucson со 77,459 продадени возила.

Последните три места од листата на 10 најпродавани возила завршија и моделите Toyota Yaris, Ford Puma и Peugeot 2008 со остварени 76,961, 73,674 и 73,371 продажби редоследно.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.