Во салонот на Alfa Romeo пристигна новиот Tonale! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Alfa Romeo пристигна новиот Tonale!

Новиот SUV на Alfa Romeo – Tonale – пристигна во Македонија, и тоа во ексклузивната верзија Edizione Speciale.

Токму со Tonale, Alfa Romeo воведува грст новитети и нови правила со кои ќе се обиде да се наметне на самиот врв во сегментот. Tonale Edizione Speciale го карактеризира врвно ниво на опременост и сензуален и напреден дизајн, наменет да ги задоволи оние купувачи кои први ќе одлучат да го купат првиот компактен SUV од Аlfa Romeo. Tonale означува вистинска трансформација за Alfa Romeo и радикална еволуција кон нова ера на поврзување и електрификација.

Оваа ограничена специјална серија во конфигурација со хибриден мотор со 130 коњски сили и 48-волтен mild хубриден систем, на домашниот пазар е достапна со исклучитено богата опрема преку која се изразува целиот спортски дух и технологија на Аlfa Romeo: радио 10.25” Nav, 12.3” инструмент-табла, спортски волан обложен со кожа и алуминиумски рачки за менувач, безжичен полнач, амбиентално осветлување, предни и задни сензори за паркирање, интелигентен адаптивен темпомат, Full LED Smart Matrix предни светла, темeн кит детали за каросерија и предна решетка во V форма, затемнети стакла, спортски алуминиумски педали, отклучување без употреба на клуч и отворање на петта врата преку сензор, 20” алуминиумски тркала, шепи на кочниците во црвена боја…

Ексклузивно, за прв пат во светот, Tonale е првиот автомобил кој е опремен со NFT дигитален сертификат (non-fungible token – незаменлив токен). Базиран на „blockchain“ технологијата и поврзан на уникатен начин, NFT кај Tonale го сертифицира автомобилот при купувањето и понатаму, во текот на циклусот на користење, ја евидентира употребата на автомобилот, а главната придобивка е заштита на остаточната вредност.

Во контакт со иднината, Tonale е опремен со најнапредната технологија за да обезбеди поврзување и удобност, истовремено нудејќи уживање во возењето типично за Аlfa Romeo. Tonale нуди целосно нов интегриран систем за информирање и забава како стандард кој, благодарение на приспособливиот Android оперативен систем и 4G поврзувањето „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирана содржина и услуги. Со вкупна големина од 22,5“, двата големи Full TFT екрани го претставуваат „најдоброто во класата“.

Поврзано:  Alfa Romeo го најави Junior Veloce со 280 коњски сили!

Проектиран и дизајниран за центарот на нештата да биде токму возачот, Tonale ги соединува висококвалитетните материјали со ексклузивни обработки и им ги нуди на своите патници тајните на италијанското гостопримство.

За Alfa Romeo, Tonale означува природна појдовна точка во светот на електрификацијата. Верзијата Edizione Speciale се појавува со мотор Hybrid со 130 КC со нов автоматски менувач со седум брзини, со електричен мотор “P2” од 48 V 15 kW и 55 Nm, кој е во состојба да пренесува погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е изгасен.

За повеќе информации за новата Alfa Romeo Tonale Edizione Speciale посетете ја официјалната страна или овластената продажна мрежа на Alfa Romeo во Македонија.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.