Објавени финалистите за Европски Автомобил на Годината за 2022! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени финалистите за Европски Автомобил на Годината за 2022!

Откако ја објави долгата листа на кандидати, жирито ги објави седумте финалисти – од кои 6 се електрични а еден финалист е плаг-ин хибриден со електрична верзија која треба наскоро да пристигне.

Електричните возила земаат сè поголем замав и стануваат сè поважни – и директен аргумент за тоа е токму листата на финалисти кои ќе се борат за титулата Европски Автомобил на Годината за 2022.

Финалистите кои ќе се борат за титулата се:

Од сите финалисти, само францускиот Peugeot 308 не е електрично возило, но веќе е достапен во две различни плаг-ин хибридни изведби (и всушност, ние веќе го возевме новиот 308 на лансирањето во Франција, прочитајте повеќе тука), но според најавеното и 308 ќе биде достапен во целосно-електрична варијанта.

Сепак, она што е особено важно во овој избор е дека сите возила се или електрични, или електрифицирани – а тоа зборува за иднината на автомобилите. Автомобилите стануваат електрични, а електричните автомобили стануваат сè подостапни, а ние живееме во време на вистинска трансформација како на автомобилите, така и на автомобилската индустрија.

Победникот ќе биде објавен на 28-ми Февруари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.