Ф1: Ретроспектива на возбудливиот F1 викенд во Катар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1: Ретроспектива на возбудливиот F1 викенд во Катар

Трката на Формула 1 за големата награда на Катар се одржа минатиот викенд – една од ретките трки полни со случувања од секаков карактер, казни, претекнувања, борби, дупнати пневматици, безбедносни возила, излетувања и што сè не.

Чувството кога заврши трката беше како да си гледал реприза на некоја историска и многу интересна трка, едноставно неверојатно дека тоа се случи во живо и можевме да го проследиме заедно со нашите омилени возачи.

Саботата беа квалификациите, и сè помина добро сè до последните неколку кругови. На крајот на последната сесија Гасли имаше проблем со болидот и се развеаа жолти знамиња. Тоа беше во најконкурентниот момент на квалификациите каде вниманието на возачите е 100% на изведување на што е можно посовршен круг. И во таа фокусираност дел од возачите не ги забележаа знаменцата. Па драмите почнаа. Макс Верстапен доби казна од 5 места, Ботас казна од 3 места.

Овие случувања резултираа со искачување на Гасли на второто стартно место во неделата следен од Алонсо. Да не заборавиме Алонсо е експерт за стартови и отсекогаш бил.

Кога започна трката Макс успеа за кратко време да се позиционира на второто место, и таму се задржа до крајот на трката. За среќа казната не влијаеше премногу на неговиот резултат, и не бараше премногу мака од моторите кои се веќе во залез на својата оптималност.

Интересниот дел од трката се наоѓаше зад второто место. Имено Ботас кој имаше 3 места казна, тргна со лош старт, и надополни дел од изгубеното време. Но тактизирањето на Мерцедес го чинеше многу. Тој се задржа на средните гуми со кои тргна премногу кругови, и едноставно една од нив попушти. Со тоа излета и изгуби многу позиции додека да стигне во боксот за нови гуми. Дискусии имаше многу, но денес ја имаме конкретната стратегија која ја имале Мерцедес па можеме да ја погледнеме. Ако ботас успееше да се задржи само уште еден круг на патеката и влезеше во боксот ќе направеше undercut на Алонсо и ќе излезеше пред него. Со влегување на еден круг порано – излегуваше зад него. Тоа е тој ризик кој решија да го пробаат од Мерцедес. Сега гледано наназад може да заклучиме дека стратегијата беше ужасна, и дека немаше никаква реална логика со оглед на тоа колку многу е побрз болидот на Ботас во односн на оној од Алонсо и немаше потреба од вакви коцкарски моменти. Сепак во овој случај коцката не се исплати.

Перез од друга страна пак беше 3то место и го повикаа во бокс за трет сет на пневматици. Сите се чудеа зошто, но Редбул беа решителни за својата стратија. Највеќе дека нема да издржат тие пневматици до крајот, и дека сега е моментот да се променат. Со таа промена,  и со 1-2 секунди побрзи пневматици по круг од Алонсо, Перез ќе можеше да го нападне и престигне. Така и постапија, со таа разлика што последните 2 круга имаше излетување и виртуелно безбедносно возило, па немаше шанса за претекнување. Со тоа Алонсо остана на 3тото место и се искачи на подиумот.

Казино моментите беа многубројни и на патеката која е неверојатно абразивна ги залажа тимовите да одат со 1 промена на пневматици наместо со 2 или 3. Со тоа покрај Ботас, и Џорџ Расел се полажа, Николас Латифи, Ландо Норис исто така сите претераа со користење на своите пневматици и се покажа моментот дека куќата секогаш добива. Односно не баш секогаш, ама требаше да има 5-6 несреќи, за еден успех – дефиниција за коцкање. Бидејќи на крајот со сите тие перипетии и едвај-едвај одржани пневматици коцката на Алонсо резултираше со подиум.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.