Ф1: Патеката Jeddah и големата награда на Саудиска Арабија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1: Патеката Jeddah и големата награда на Саудиска Арабија!

Викендов се одржа трката за големата награда на Саудиска Арабија на патеката Џеда.

Викендот помина во безбројни настани од секаков тип, на што веќе се навикнавме ова сезона. Но тоа може да го прочитате секаде. Ние би сакале да одговориме „Зошто“ се случи тоа, а не што се случи. Што е проблемот на оваа патека и зошто воопшто е на календарот.

Патеката Џеда е нова патека во Ф1. Безборјните регулативи за зони за излетување и ширина, и модерирање на брзината кои важат за нови патеки поминаа малку заматено за оваа патека. Резулататот од тоа? Тоа е втората најбрза патека во календарот на Ф1, а истовремето е и градска патека! Не сме навикнати на такви комбинации до сега. Како следачи на Ф1, градска трка ни соодветствува со Монако како најпропознатлив пример, а понатаму и Баку, итн…

Тоа значи дека тоа се генерално спори и тесни патеки кои се на улиците на некој град. Најчесто имаат ѕидови и банкини во непосредна близина на самата патека. Излетувањата во најголем број на случаи значат забивање во ѕид и кршење на болидот. И не само кршење, туку и болидот останува на самата патека, а болидите зад него им останува само да се надеваат дека нема да налетаат на некој искршен тркачки автомобил пред нив.

Епа Џеда е „иста“ таква, ама широка и брза. Ѕидовите започнуваат на милиметри од белата линија, и секоја грешка се казнува максимално.

Тоа резултираше со удар на Макс Верстапен на квалификациите кога го возеше летечкиот круг и затоа започна од 3тото место. Пред него беа болидите на Мерцедес.

Првиот пат.

Бидејќи оваа трка имаше три стартови од стартно целната рамнина.

По несреќата која неизбежно следеше, следеше црвено знаме, и нов старт. Овој пат редоследот со Макс на првото место. И за неколку круга пак црвено знаменце за прекин на трката. И пак нов старт овој пат со Окон на првото место па Макс па Хамилтон. По овој старт трката започна. Многу агресивно возење, без пит-стопови, Макс и Хамилтон се бореа за првото место што резултираше со контакт меѓу нив неколку пати, но бесконечната среќа на Хамилтон го послужи и тој заврши на првото место.

Сега во генералниот пласман првите двајца имаат исто бодови, со тоа што Макс има водство заради повеќе победи.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.