Новиот Austral ќе биде наследник на супер-успешниот Kadjar, а ќе го видиме напролет следната година.
Според Renault, името доаѓа од латинскиот збор australis, a новиот Austral звучи моќно на многу европски јазици, вклучително и на францускиот јазик – што пак е особено важно за бренд кој е горд на своите корени.
Sylvia Dos Santos, која е на чело на стратегијата за осмислување нови имиња во одделот на Renault наменет за глобален маркетинг, името Austral ги спојува живоста и топлината на јужната полутопка, и истовремено повикува на истражување – што пак го прави совршено за еден SUV. Austral ќе биде дел од понуата на нови, компактни SUV модели на Renault. Според најавеното, Austral ќе биде долг 4.5 метри и во него ќе можат комфорно да се сместат до пет патници.
View this post on Instagram
Сега за сега, немаме никакви дополнителни информации околу платформата и моторите, но можеме да претпоставиме дека Austral ќе ја дели платформата со новиот Nissan Qashqai, а тоа значи дека можеме да очекуваме и електрифицирани изведби. Всушност, тоа воопшто не би нѐ изненадило, со оглед на стратегијата за електрификација на Renault.
Она што нѐ изненадува е одлуката на Renault да го пензионира името Kadjar – компактниот SUV е популарен меѓу купувачите. Претпоставуваме дека Renault сака да го истакне чекорот нанапред кој ќе го направи со новиот модел.