full screen background image
Search

Peugeot 2008 води на пазарот во Европа!

Популарниот Peugeot 2008 беше најпродаван автомобил на европскиот пазар во Октомври – и тоа со убедливо водство!

Со 18.836 продадени примероци, Peugeot 2008 беше најпродаван автомобил во Европа во Октомври. На второто место со 14.296 продадени примероци е Renault Clio, додека на третото место беше Peugeot 208 со 13.888 примероци.

Пазарот на автомобили ги чувствува ефектите од недостатокот на чипови кои се потребни за многуте нови технологии кои ги користат и ги нудат новите модели. Сепак, ваквите резултати покажуваат дека францускиот бренд успева прилично успешно да се справи со кризата и на купувачите да им ги испорача автомобилите.

Интересно, Топ 10 листата продолжува со Dacia Sandero, Fiat 500, Fiat Panda, Ford Focus, Hyundai Tucson, Volkswagen T-Roc и Citroen C3. Ефектот од кризата со микрочипови го чувствува Volkswagen, бидејќи Golf веќе го нема во Топ 10, иако води во продажба ако ги земеме предвид сите досегашни месеци од 2021.

Извор: Car Industry Analysis



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.