Благодарение на неколку високо-технолошки и паметни подобрувања, автономијата на одличните електрични модели на Peugeot се подобрува за 8%.
Едноставните, но паметни подобрувања резултираат со автономија подобрена за 8%. Тоа можеби и не звучи како многу, но кај Peugeot e-208 тоа резултира со 22 километри повеќе со полни батерии, додека кај e-2008 тоа значи 25 километри повеќе со полни батерии. Со подобрувањата, е-208 сега може да помине вкупно 362 километри, додека е-2008 може да помине 345 километри.
Првата измена се новите, високо-ефикасни пневматици со А+ класификација кои имаат понизок отпор на вртење и ќе се вградуваат на 16-инчни тркала кај е-208, односно 17-инчни кај е-2008. Понатаму, е-208 и е-2008 добиваат нова топлинска пумпа со сензор за влажност кои ќе ја оптимизираат и подобрат ефикасноста на клима-уредот, како и нов однос во преносот, а сето тоа резултира со подобрена ефикасност. Всушност, од Peugeot кажуваат дека во идеални услови (при температура од 0°C) сите овие модификации ја подобруваат автономијата и до 40 километри во градски услови.
Ние веќе добро го познаваме електричниот е-208, нашиот тест можете да го прочитате тука.