ПРЕМИЕРА: Kia го претстави целосно-новиот Niro! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Kia го претстави целосно-новиот Niro!

Новиот Niro ќе биде достапен со неколку погонски опции – ќе може да се нарача како хибрид, плаг-ин хибрид или како целосно-електрично возило.

Дизајнерите на Kia го користеле HabaNiro концептот како инспирација за новиот Niro – и веднаш ќе кажеме дека серискиот продукт навистина ни се допаѓа. Дизајнот е футуристички без да биде екстремен, а ни се допаѓаат и индивидуалните детали – како на пример комплексните предни светла и Ц-столбовите кои се во контрастна боја и во кои се вградени и задните светлосни групи. Храбар дизајн!

Од Kia дизајнот го објаснуваат преку нивната Opposits United филозофија и кажуваат дека инспирацијата доаѓа од природата и се манифестира преку изборот на бои, материјали и текстури за да постигнат рамнотежа меѓу пристап кој е чувствителен кон животната средина и поглед кон иднината.

Кабината ги следи тековните трендови, па препознаваме целосно-дигитални инструменти и централна конзола која е завртена кон возачот, на која е поставен и кружната рачка за менувачот. Кабината добива и амбиентално осветлување, супер-комфорни седишта, итн.

Кога сме веќе кај седиштата – тие се изработени од рециклирани материјали и природни материјали добиени од листови од еукалиптус, а тапацирот на кровот е изработен од рециклирани ѕидни тапети. Боите кои се користени за Niro се добиени преку еколошки процес и во нив нема загадувачки материјали.

Сега за сега нема никакви информации околу погонските опции кои ќе се нудат во новиот Niro, но Kia потврди дека новата генерација на кросоверот ќе се нуди како хибриден или плаг-ин хибриден автомобил, или пак како целосно-електричен автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.