full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda ја започнува електричната иднина со Enyaq iV!

Со лансирањето на Enyaq iV, Škoda го прави следниот чекор кон исполнувањето на стратегијата за е-мобилност – електричниот SUV ќе може да се добие во неколку различни конфигурации и ќе може да помине до 510 километри со едно полнење!

„Лансирањето на Enyaq iV е почеток на нова ера за Škoda. Ова е нашиот прв целосно-електричен автомобил базиран на MEB платформата и со него, ја правиме е-мобилноста да биде Simply Clever. Одличната автономија, брзото полнење, лесното користење и достапните цени се нашите силни страни. Enyaq iV се произведува во домот на Škoda – Mlada Boleslav – и со тоа нашата главна фабрика е единствената фабрика во Европа освен во Германија, каде ќе се произведуваат возила на MEB платформата“ – изјави Thomas Schäfer, извршниот директор на Škoda.

Škoda Enyaq iV ќе биде достапен во неколку различни конфигурации. Понудата започнува со Enyaq 50 iV кој има електромотор со моќност од 109 kW и 220 Nm, мотор на задните тркала и може да помине до 340 километри со едно полнење на батериите. Забрзува до 100 километри на час за 11.4 секунди и постигнува макимсална брзина од 160 километри на час. Скалило погоре е Enyaq 60 iV со електромотор со моќност од 132 kW и 310 Nm, кој забрзува до 100 километри на час за 8.7 секунди, и може да помине до 390 километри. Рекордер во однос на автономијата е Enyaq 80 iV, кој има електромотор со моќност од 150 kW и 310 Nm и погон на задните тркала – оваа верзија може да помине до 510 километри со едно полнење.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави студентскиот проект - Scala Spider кој го носи името Slavia!

За оние кои сакаат погон на сите четири тркала, тука е Enyaq 80x iV, кој испорачува 195 kW и 425 Nm. Оваа верзија забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди и има автономија од 460 километри. Врв на понудата е Enyaq RS iV кој располага со 225 kW, односно 300 коњски сили и 460 Nm. Enyaq RS iV забрзува до 100 километри на час за 6.2 секунди, постигнува максимална брзина од 180 километри на час и може да помине 460 километри со полни батерии.

Инаку Enyaq iV е веднаш-препознатлив како модел на Škoda, но сепак има свој, засебен идентитет. На предниот дел доминираат предната маска и кристалните предни светла, додека на задниот дел препознаваме привлечни и комплексни LED задни светла.

Од Skoda се особено горди на Crystal Face – 130 LED елементи го формираат светлосниот потпис на новиот Enyaq iV. Секако, има и можности за персонализација – достапни се тркала во димензии од 18 до 21 инчи, во неколку различни дизајни, но и неколку различни комбинации на бои и материјали во ентериерот.

Кабината е истовремено многу модерна, но и минималистичка. Многу внимание е посветено на деталите – пред возачот се поставени дигитални инструменти, додека на средината на централната конзола е поставен дисплејот од мултимедијалниот уред. Рачката од „менувачот“ е мала и поставена на централниот гребен меѓу возачот и совозачот, а во кабината има нагласено чувство на просторност и светлина. Од Škoda кажуваат дека Enyaq iV нуди простор како големиот Kodiaq, но е помал од Octavia.

Нарачките се веќе отворени, а Škoda најави дека на самиот почеток ќе биде достапна специјалната Founders Edition изведба, која е ограничена на само 1895 примероци и оддава почит на 125-годишнината на Škoda, како и богатата историја на брендот, но и на основачите – Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент.

Поврзано:   Електричниот Škoda Enyaq iV ќе дебитира на 1ви Септември!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.