full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai ги претстави освежената Kona и спортската Kona N Line!

Hyundai не само што подготви екстензивно освежување за Kona, туку подготви и спортска Kona N Line и хибридна Kona Hybrid!

Визуелните измени започнуваат со темелно-редизајнираниот и заострен преден дел. Kona добива редизајнирани дневни светла, поагресивен преден браник со заштитен панел, како и редизајнирана маска на ладилникот. Задниот дел добива нови браници, нови задни светла со нова графика, како и нови секундарни светлосни групи. Освежувањето е комплетирано со нови дизајни за 16, 17 и 18-инчните алуминиумски фелни, како и неколку нови бои.

Kona N Line добива уште поагресивен преден браник, отвори за воздух над маската на ладилникот, аеро-додатоци, нов заден браник со интегриран дифузер, како и засебни, 18-инчни тркала. Kona N Line може да се комбинира со неколку мотори, но најинтересен е 1.6-литарскиот T-GDI Smartstream кој испорачува 198 коњски сили кон предните или кон сите четири тркала преку 7-брзински DCT автоматски менувач со двојна спојка.

Основен мотор е 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 120 коњски сили (кој може да биде со или без лајт-хибридна поддршка) , а во понудата има и нова Kona Hybrid со 1.6-литарски GDI бензинец кој користи батерија и електромотор за системски 140 коњски сили. Достапен е и нов, 1.6-литарски Smartstream турбодизел со 48-волтна лајт-хибридна технологија, кој испорачува 136 коњски сили.Секако, инженерите посветиле внимание и на суспензијата, па според Hyundai сега Kona е покомфорна, а истовремено е задржан динамичниот карактер.

Кабината добива нов, 10.25-инчен панел со инструменти пред возачот, а може да се добие и 10.25-инчен централно-поставен мултимедијален дисплеј. Меѓу другото, кабината добива и амбиентално осветлување, нови материјали и бои, но и други ситни додатоци. Kona ги добива и сите нови системи за безбедност и асистенција во возењето на Hyundai кои се дел од SmartSense Active Safety системите.

Поврзано:   Премиерата на новиот Hyundai Tucson е закажана за 14-ти Септември!

Според Hyundai, освежената Kona ќе пристигне во салоните до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.