full screen background image
Search

Ова се најпродаваните кросовери од Ц-сегментот во 2020 во Европа

Во минатата година продажбата на SUV модели од Ц-сегментот на Европскиот континент се намали за 23% во споредба со 2019.

Како последица на вкупната бројка на продадени возила од 2.2 милиони примероци, кросоверите од Ц-сегментот имаа удел од 18.4% од сите остварени продажби во минатата година во Европа. Оваа група на возила ја сочинуваат повеќе категории, а тоа се класичен тип, големи изведби, спортски изведби и премиум модели.

Бројката на продадени класични SUV модели од Ц-сегментот се намали за 35% на вкупно 1.09 милиони примероци. На првото место се најде Volkswagen Tiguan со 146,856 продажби, пред второпласираниот Nissan Qashqai со продадени 135,553 возила. Помеѓу водечките, на третото место заврши и Peugeot 3008 со 125,103 продажби.

Нивните поголеми „роднини“ беа продадени во 490,000 примероци, што е за 9% помалку од 2019. Најбаран од нив беше моделот Toyota RAV4 со остварени 90,795 продажби, пред Ford Kuga со продадени 72,200 возила.

Моделот Skoda Kodiaq заврши на третото место со продадени 70,083 примероци, додека четвртото место беше резервирано за Peugeot 5008 со 53,697 продажби.

Спортските модели регистрираа зголемување на продажбата за 21%, благодарение на новите модели на вкупно 231,000 продадени примероци.

Најуспешен помеѓу нив заврши моделот Toyota C-HR со 101,847 продажби, пред Mazda CX-30 со продадени 48,750 примероци, која заврши на второто место. На третото место се најде моделот Audi Q3 Sportback со 30,298 продажби, а на четвртото место заврши BMW X2 со 32,607 продадени возила.

Во првите месеци од нивното производство, новите Cupra Formentor и Citroen C4 се продадоа во 3,713 и 3,676 примероци, но се очекува истите да се зголемат во текот на оваа година.

Од сите премиум модели победник беше Volvo XC40 со остварени 109,601 продажби, додека BMW X1 беше второпласиран со 88,164 продадени возила.

Моделот Audi Q3 заврши на третото место со 48,826 примероци, пред Mercedes GLA со 43,430 возила и Range Rover Evoque со 36,052 продажби.

Резултатите на останатите SUV модели од Ц-сегментот ќе ги пронајдете во галеријата:

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.