ABT го засили 1.5 TSI турбо-бензинецот на VW групацијата на 190 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го засили 1.5 TSI турбо-бензинецот на VW групацијата на 190 коњски сили

Германската тјунерска компанија претстави пакет за засилување на перформансите на 1.5-литарскиот турбо-бензинец на групацијата Volkswagen.

Оваа погонска единица може да се најде во повеќе модели: од Volkswagen Polo до Tiguan, од Audi A1 дo Q3, од Seat Ateca до Tarraco и од Skoda Scala до Superb. Моторот испорачува 150 коњски сили и има вртежен момент од 250 Nm во стандардно издание.

На оние кои што ова не им е доволно, ќе можат да ги засилат своите автомобили на 190 кс и 290 Nm со помош на новата компјутерска единица, која има IP67 заштита од прашина и вода, со прилепено куќиште, изолација на приклучокот и Gore-Tex мембрана.

Со цел да ги заштити внатрешните компоненти на моторот, компјутерската единица не ја ослободува целосната сила додека агрегатот не ја постигне работната температура, а ветува и подобрена економија на возење –  бидејќи му овозможува на автомобилот да вози во повисок степен на пренос од вообичаено.

Пакетот е во понуда по цена од 999 евра во Германија, а може да биде инсталиран од страна на секој пообучен ентузијаст.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.