Peugeot најавува спортски PSE варијанти од секој модел во гамата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot најавува спортски PSE варијанти од секој модел во гамата

Францускиот бренд најави дека ќе го зголеми бројот на спортски изведби во своето портфолио, така што секој модел ќе добие Peugeot Sport Engineered варијанта.

Peugeot најави уште позасилен развој на нови електрифицирани автомобили со високи перформанси, откако нивниот извршен директор Жан Филипе Импарато потврди дека сите модели во нивната палета ќе добијат засилени хибридни конфигурации.

Според зборовите на Импарато: „Секој автомобил – започнувајќи од 508 – ќе добие спортска верзија како врв на моделот. Ова ќе започне со лансирањето на 508 Peugeot Sport Engineered на пазарот во почетокот на 2021.“

Ова се очекува да биде проследено со PSE верзии од новиот 208 и идната генерација на 308, која ќе биде претставена во Март оваа година. Импарато исто така потврди  декa Peugeot планира да лансира по една нова генерација од своите модели во секоја година почнувајќи од 2021, а по 2023 да започне со проширување на гамата.

Технологијата која ќе биде користена кај новите електрифицирани модели со високи перформанси ќе биде развиена од Peugeot Sport дивизијата, која се натпреварува во хибридната класа во Le Mans.

Иако ваквиот потег ќе има корисен ефект врз перспективата на Peugeot, тоа исто така ќе се спротивстави на ограничувањата што се воведуваат кај моделите со високи перформанси на домашниот пазар на компанијата. Од оваа година, новите закони за данок во Франција додаваат високи давачки на автомобилите со чисто внатрешно согорување со високи перформанси, калкулирана врз основа на нивната емисија на CO2.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.