ПРЕМИЕРА: Peugeot го прославува 210-годишниот јубилеј со новиот 508 Peugeot Sport Engineered! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Peugeot го прославува 210-годишниот јубилеј со новиот 508 Peugeot Sport Engineered!

Францускиот бренд оваа година ја слави својата 210-годишнина, а зенит на прославата е токму новиот, спортски 508 Peugeot Sport Engineered!

Презентацијата на Peugeot 508 Peugeot Sport Engineered заврши со зборовите на Jean-Philippe Imparato – претседателот на Peugeot – кој кажа дека „не стануваме наутро за да ни биде здодевно.“ А токму тој пристап се манифестира преку новиот автомобил. 508 Peugeot Sport Engineered носи супер-напреден плаг-ин хибриден погон кој испорачува моќни 360 коњски сили и 520 Nm вртежен момент, а истовремено има емисија на штетни гасови од само 48 грама CO2 на изминат километар. Дополнително, ќе напомене дека 508 PSE е најмоќниот Peugeot на сите времиња!

1.6-литарскиот бензинец испорачува 200 коњски сили при 6000 вртежи во минута и 300 Nm вртежен момент од 3000 вртежи во минута. Овој мотор соработува со батерија со капацитет од 11.5 kW, како и електромотори кој испорачуваат дополнителни 110 коњски сили на предните тркала и 113 коњски сили на задните тркала. Секако, го дополнуваат и вртежниот момент, за да се добијат оние моќни перформанси. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач.

Максималната брзина е 250 километри на час, а забрзувањето до 100 километри на час трае само 5.2 секунди. Според официјалните мерења може да помине до 42 километри на електрична енергија, а WLTP мерењата кажуваат дека овој спортски автомобил може да троши само 2.03 литри бензин во комбинирани услови на возење. Плус, одлуката на Peugeot да го понуди спортскиот модел како седан, но и како караван е одлична!

Инаку, Peugeot 508 PSE има оптимизиран дизајн за подобри аеро перформанси. Суспензијата е преработена, автомобилот е поширок, а големите, 20-инчни тркала кријат сопирачки со дијаметер од 380 милиметри. Со новиот автомобил, Peugeot лансира целосно нов бренд, со кој францускиот производител подготвува неколку изненадувања.

Поврзано:  Peugeot ја згаснува дивизијата PSE?

Peugeot е еден од трите најстари брендови на светот, и во текот на своето постоење не само што издржал навистина големи предизвици, туку успеал одново да се креира самиот себеси и да наметне нови правила. Токму затоа веруваме во светлата иднина на Peugeot – најавија глобална офанзива, интензивирана електрификација и дигитализација, и секако – нови спортски модели!

Среќен роденден Peugeot!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.