ПРЕМИЕРА: SEAT подготви детално освежување за супер-успешната Ateca! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: SEAT подготви детално освежување за супер-успешната Ateca!

Освежената Ateca ќе ја продолжи успешната приказна за првиот SUV на SEAT – а тоа ќе го направи преку уште поемотивен дизајн, надграден и освежен ентериер, како и грст нови технологии.

Освежената Ateca го задржува широкиот и мускулест став, но сега е 18 милиметри подолг поради редизајнираните предни и задни браници. Предниот дел добива нов лик кој е во согласност со новите (и идни) дизајнерски насоки на SEAT, па препознаваме нов преден браниук и прени светла со LED технологија. Страничните линии не се премногу изменети, па ги препознаваме добро-познатите остри линии, додека на задниот дел добиваме нов заден браник, задни светла со LED технологија и динамични трепкачи и уште неколку други ситни детали. Исто како и неодамна-претставениот Leon, и Ateca добива нова „ракописна“ моделска ознака.

Кабината добива 10.25-инчен Seat Digital Cockpit пред возачот, како и 8.25 или 9.2 инчен мултимедијален уред на централната конзола. Воведени се некои нови материјали во кабината кои ја истакнуваат и дополнуваат робустноста на Ateca, како и редизајниран управувач. Интересно е и новото ветробранско стакло кое добива Climacoat третман, кој овозможува одмрзнување за само 2-3 минути.

Специјалните изведби добиваат уште неколку интересни детали – Ateca FR добива спортски детали во мат сива боја, како и редизајнирани маска на ладилникот, предни и задни браници, странични ретровизори, итн. Интересен новитет е новата Ateca Xperience која на шпанскиот SUV му дава доза на теренски дух – добива црни предни и задни браници и заштитни панели, и уште неколку други детали.

Ateca добива и грст нови технологии – Full Link системот овозможува поврзување со Android Auto и Apple CarPLay, а тука е и SEAT Connect системот за поврзување со надворешни услуги. Дополнително, тука е и системот за гласнови команди (кој се активира со командата „Hola Hola“) преку кој директно можете да му давате инструкции на автомобилот. Ateca има и напредни системи за безбедност – Predictive Adaptive Cruise Control, Pre-Crash Assist, Emergency Assist, како и системи кои ја подобруваат практичноста – Travel Assist, Side and Exit Assist…

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!

Во однос на моторите, Ateca ќе се нуди со неколку различни TSI турбо-бензинци и TDI турбодизели. Основниот бензинец е 1.0 TSI со 110 коњски сили и мануелен менувач. Потоа следи 1.5 TSI со 150 коњски сили кој може да се добие со мануелен или DSG менувач, додека на самиот врв е 2-литарскиот TSI со 190 коњски сили кој доаѓа со DSG автоматски менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Доколку сакате турбодизел, достапен е 2-литарскиот TDI во неколку различни изведби. Основната е со 115 коњски сили и мануелен менувач, потоа следи верзијата со 150 коњски сили со мануелен или DSG менувач, и на самиот врв на дизелската понуда е верзијата со 150 коњски сили, DSG менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Луѓето од SEAT се особено горди на Ateca – од нејзиното претставување, продадени се повеќе од 300.000 примероци, а минатата година беше особено успешна за шпанскиот SUV – беа продадени скоро 100.000 примероци!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.