full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne GTS напаѓа со твин-турбо V8 и 460 коњски сили!

Porsche ги претстави GTS изведбите на Cayenne и Cayenne Coupe – и тие добиваат 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 460 коњски сили.

GTS изведбите на Porsche секогаш биле интересни, без разлика за кој модел се работи. Никогаш не биле најмоќните, но биле особено интерсни за ентузијастите бидејќи комбинираат ефективни измени, како и доволно моќни мотори. Таква е приказната и со Cayenne и Cayenne Coupe во GTS изведба. Главниот новитет е 4-литарскиот твин-турбо V8 (минатата генерација користеше 3.6-литарски твин-турбо V6) кој во оваа конфигурација испорачува 460 коњски сили и 620 Nm вртежен момент.

Со овој мотор, двата големи SUV модели на Porsche забрзуваат до 100 километри на час за 4.5 секунди и достигнуваат максимална брзина од 270 километри на час. Сепак, измените не завршуваат кај моторот – GTS изведбите добиваат суспензија која е цели 20 милиметри побниска, а стандардно добиваат и Porsche Active Suspension Management (PASM) и Porsche Torque Vectoring Plus системи. Секако, достапни се и другите напредни системи кои ги нуди Cayenne – управувањето на задната оска, супер-ефикасните три-коморни воздушни амортизери, итн…

GTS моделите ќе ги разликувате преку Sport Design пакетот со кој стандардно ќе доаѓаат, како из атемнетите стакла, црните детали на екстериерот, спортскиот издувен систем и 21-инчните RS Spyder тркала (кои изгледаат одлично!). Големите тркала кријат 390-милиметарски дискови за сопирачките на предните тркала и 358-милиметарски на задните. Дополнително, шепите од сопирачките се во црвена боја.

Кабината е обвиена во алкантара и добива детали од брусен алуминиум. Особено интересни се ексклузивните спортски седишта кои носат и специјални GTS ознаки. Нарачките се веќе отворени, а првите примероци ќе бидат испорачани кон купувачите на почетокот на следниот месец.

Поврзано:   Porsche Taycan е прогласен за најиновативен автомобил во светот!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.