Објавена пошироката листа на кандидати за Автомобил на Годината во Македонија за 2015! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавена пошироката листа на кандидати за Автомобил на Годината во Македонија за 2015!

Пред само неколку минути официјално беше објавена пошироката листа на канидадати кои ќе се борат за престижната титула за Автомобил на Годината во Македонија за 2015!

Овогодинешната поширока листа на канидидати ја сочинуваат девет автомобили кои ги исполнуваат условите зададени од жирито кое го избира автомобилот на годината. Условите се:

  • автомобилите официјално да бидат понудени на нашиот пазар,
  • автомобилите да бидат претставени на Жирито, и
  • автомобилите да бидат возени од членовите на Националното Жири.

Согласно условите, националното жири за избор за Автомобил на Годината во Македонија одлучи кандидати да бидат следните возила (по азбучен редослед):

Минатата година титулата ја освои Škoda Octavia, а годината пред тоа со признанието се закити Seat Leon.

Националното жири го сочинуваат реномирани македонски автомобилски новинари, а од оваа година и CARclub е дел од жирито кое го одбира автомобилот на годината. Повеќе информации очекувајте наскоро, а во меѓувреме посетете ја веб-страницата на Изборот за Автомобил на Годината во Македонија, како и официјалната Facebook страница!

Доколку сакате, можете да се вклучите во дискусијата за изборот и на нашиот форум.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.