full screen background image
Search

Предновогодишно намалување – бензините и дизелот поевтинуваат за 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика предновогодишно ги израдува возачите – во новата година ќе влеземе со горива кои ќе бидат 3.5 денари поевтини од досега!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – на последното рекалкулирање на цените на горивата за оваа година, согласно методологијата за пресметка на цените – тие повторно се намалуваат – и тоа за цели 6.83%!

Од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 62 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 52.50 денари – тоа е намалување за 3.50 денари кај сите горива.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.