full screen background image
Search

Audi A3 е Светски Автомобил на Годината!

На еден ден пред отварањето на автомобилскиот саем во Њу Јорк беше прогласен светскиот автомобил за 2014 година, а главната награда ја освои Audi A3.

Трите финалисти за оваа награда ги вклучуваа и моделите Mazda 3 и BMW Серија 4, но Audi A3 беше изгласан како најдобар од страна на 69 членови на жири комисијата од 22 земји. Audi A3 беше петтиот Германски автомобил кој се натпреваруваше во категориите за Светски Автомобил за 2014, а исто така ова беше втора освоена главна награда за Audi во последните десет години.

Аudi A3 им се придружи во листата на минатогодишните победници како 2013 Volkswagen Golf, 2012 Volkswagen Up, 2011 Nissan Leaf, 2010 Volkswagen Polo, 2009 Volkswagen Golf Mk6, 2008 Mazda 2, 2007 Lexus LS460, 2006 BMW Серија 3 и 2005 Audi A6.

Со награди се закитија и уште неколку автомобили во поединечни класи: наградите за Светски Еколошки Автомобил на Годината и Светски Автомобилски Дизајн на Годината отидоа кај електричниот BMW i3, додека пак наградата за Светски Автомобил со Високи Перформанси на Годината ја освои Porsche 911 GT3, а пак титулата за Светски Луксузен Автомобил на Годината ја зема Mercedes-Benz S-Class.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.