Официјално: Новиот Јапонски шмекер – Mazda 3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Јапонски шмекер – Mazda 3

Mazda официјално ја претстави новата генерација на нивната Тројка, целосно опремена со SkyAktiv погонски единици.

Новата Mazda3 го следи моменталниот ‘Kodo’ дизајнерски јазик на компанијата, позајмувајќи поголем број на стилски елементи од Mazda6. Автомобилот мери должина од 4465mm, широчина од 1795mm и височина од 1450mm, што го прави 5mm подолг, 40mm поширок и 20mm повисок од досегашниот модел, додека меѓуоскиното растојание е пораснато за 60mm, на вкупно 2700mm.

2014-Mazda3-4[5]

Нараснувањето на димензиите резултира со зголемен простор во кабината, како и поголем багажен простор од 350 литри. Сепак, и покрај тоа, тежината на автомобилот е намалена за околу 60 килограми во споредба со претходникот. Исто така подобрена е и аеродинамиката, намалувајќи го воздушниот коефициент на отпор на 0.275.

Ентериерот со централната конзола е поделен на возачко ориентирана и комфортна патничка зона. Мултимедијалниот систем вклучува 7-инчен екран на допир лоциран над, и ротирачка контрола за оперирање со функциите на централната конзола. Од Mazda најавуваат дека посветиле многу внимание на звучната изолација и автомобилот ќе има една од најтивките кабини во класата.

2014-Mazda3-7[5]

Mazda3 ќе биде понудена со избор од три бензински и еден дизел агрегат. Основниот бензински е 1.5-литарски мотор кој развива 100 кс при 6000 вртежи и 150Nm вртежен момент при 4000 вртежи во минута. Усогласен со шест-степен рачен менувач, може да забрза од 0-100 км/ч за 10.8 секунди на патот кон неговата максимална брзина од 182 км/ч.

Тука е и 2.0-литарски бензинец кој ќе биде понуден во две верзии, од кои послабата испорачува 120 кс при 6000 вртежи и 210 Nm вртежен момент при 4000 вртежи во минува, достигнувајќи 100 км/ч од место за 8.9 секунди и максимална брзина од 195 км/ч. Посилната верзија може да се пофали со 165 кс при 6000 вртежи и идентичен вртежен момент, доволни за забрзување од 0-100 км/ч за 8.2 секунди и брзина од 210 км/ч.

2014-Mazda3-2[5]

Единствениот дизел во гамата е 2.2-литарски агрегат со 150 кс при 4500 бртежи и 380 Nm вртежен момент при 1800 вртежи во минута. Покрај шест-степениот рачен менувач, кај дизелскиот и послабиот 2.0-литарски мотор ќе биде понудена како опција и шест-степена автоматска трансмисија.

Новата Mazda3 се очекува да започне со продажба на Европскиот пазар на Есен, но сеуште со отсуство на Македонскиот пазар.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.