Официјално претставена новата BMW Серија 4 – Мега Галерија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставена новата BMW Серија 4 – Мега Галерија!

Ви ја претставуваме сериската верзија од BMW Серија 4, наследникот на најпосакуваниот модел од гамата на Баварскиот бренд, BMW Серија 3 купе и конкурентот на Audi A5 и Mercedes-Benz C-класа Coupe.

BMW Серија 4 е базирана на истата платформа како седанот Серија 3, но благодарение на шасиските измени, вклучувајќи поширок преден и заден траг на тркалата, како и пониската суспензија за 10mm, автомобилот изгледа за нијанса поагресивно и поспортски. Поради ова, Серија 4 има најниско централно тежиште од сите BMW модели.

bmw-4-eries-new-20130201_0075

Визуелно, новото купе превзема голем дел од дизајнот од последната Серија 3, особено во предниот дел. Покрај визуелната сличност со четири-вратниот модел, неговата каросерија е тотално различна. Во внатрешноста се забележува истата централна конзола и инструмент табла со Серија 3, но новите пониски предни седишта нудат поспортска возачка позиција. Зголеменото меѓуоскино растојание нуди повеќе место за нозете на задната клупа, но багажниот простор е само за пет литри поголем од Серија 3 купе.

bmw-4-eries-new-20130315_0078

Со должина од 4628mm, широчина од 1825mm и височина од 1362mm, новата четворка е 26mm подолга, 43mm поширока и 16mm пониска во однос на нејзиниот претходник – Серија 3 Купе. Меѓуоскиното растојание е пораснато за 50mm, а предните и задните трагови на тркалата се проширени за 45mm и 81mm. Нараснувањето во големина резултирало со незначајно зголемување на тежината, така што основниот 420d модел тежи 30 килограми повеќе од стариот 320d купе.

Одпочеток ќе бидат понудени само три погонски единици, а потоа ќе бидат додадени уште три турбополнети агрегати во изборот. За да може да исполни повеќе желби на купувачите, новото купе ќе биде достапно со заден и со погон на сите тркала, како и пет различни нивоа на опрема: SE, Sport, Modern, Luxury и M Sport.

bmw-4-eries-new-20130122_0085

Првите три мотори ќе бидат четири-цилиндарски турбо-дизел со 181кс, 2.0-литарски четири-цилиндарски бензинец со 242кс и најсилниот во гамата, 3.0-литарски пест-цилиндарски бензинец со 302кс ознака 435i. Подоцна ќе пристигнат 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат со 181кс и ознака 420i, 3.0-литарски шест-цилиндарски дизел со 254кс и ознака 430d, како и посилна верзија од истиот агрегат со 309кс за моделот 435i.

435d ќе се продава само со xDrive системот за погон на сите тркала, додека погонот на задните тркала ќе биде стандарден кај сите останати модели. Погонот на сите тркала ќе биде понуден како опција и кај моделите 420d и 420i. Сите модели ќе бидат стандрадно опремени со шест-степен рачен менувач освен 435i и 435d кои ќе се нудат само со осум-степена автоматска трансмисија, понудена како опција за останатите агрегати.

BMW 4er Coupé 435i

Одпочеток најспособен модел ќе биде 435i, кој забрзува од место до 100 км/ч за 5.1 секунда, додека најштедлив ќе биде моделот 420d со просечна потрошувачка од 3.8 литри на 100 километри и емисија на издувни гасови од 121 грам на километар.

Најсилен модел во гамата ќе биде M4 Coupe кој треба да пристигне при крајот на наредната година. Се очекува неговата сила од околу 440кс да извира од 3.0-литарски реден шест-цилиндарски твин-турбо агрегат.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.