Seat Leon Verde – Plug-in хибрид од Seat кој троши само 1.6 литри на 100 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Seat Leon Verde – Plug-in хибрид од Seat кој троши само 1.6 литри на 100 километри!

Seat Leon Verde е проект во кој се вложени 34 милиони евра, а благодарение на 1.4-литарскиот TSI мотор и електромоторот, автомобилот троши само 1.6 литри на 100 изминати километри!

Verde, што значи „Зелено“ на Шпански е концептот кој треба да ги издигне еколошките визии на Seat на самиот врв во сегментот. Под поклопецот на моторот се крие веќе добро познатиот 1.4-литарски TSI агрегат кој испорачува 122 коњски сили. Овој мотор соработува со електромотор кој нуди дополнителни 102 коњски сили, па Verde може да се пофали со вкупна моќност од околу 220 коњски сили!

seat-leon-verde-charge

Електричната енергија доаѓа од Литиум-Јонски пакет батерии поставен под подот на возилото. Информации за перформансите сеуште нема, но според најавите од Seat, овој автомобил ќе троши само 1.6 литар гориво на 100 изминати километри! Автономијата на електрична енергија е 50 километри, но кога TSI моторот и електромоторот работат заедно, автономијата се искачува на импресивни 815 километри!

seat-leon-verde-side

Според челниците на Seat, Leon Verde е само прототип за кој нема планови за сериско производство, но ние не би биле изненадени ако за година-две овој модел се појави во авто-салоните.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.