Кружни автомобилски трки на крајот од Јуни во Кичево – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кружни автомобилски трки на крајот од Јуни во Кичево

Во периодот од 27-ми до 30-ти Јуни, воениот полигон во Кичевската касарна ќе биде домаќин на кружен автомобилски натпревар, на кој ќе учествуваат над 60 натпреварувачи од балканот.

Според најавите, на патеката долга 2050 метри се очекуваат над 60 автомобилисти, од кои околу 40 странски возачи од Србија, Црна Гора, Косово и Бугарија. Списокот сеуште не е конечен и допрва можат да се очекуваат пријави на автомобилисти и од останатите Балкански земји.

Со овие трки, патеката Кичево повторно влегува во меѓународниот авто-календар на тркачки настани. Се очекува огромна заинтересираност и посетеност на автодромот во трите дена.

Извор: kicevo.mk



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.