Porsche 911 GT3 – Традицијата застанува тука! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 GT3 – Традицијата застанува тука!

Иако 911 GT3 официјално ќе го видиме во Женева, Porsche одлучи да објави неколку фотогорафии и информации за петтиот модел со GT3 ознака.

Според Porsche, 911 GT3 претставува тотално нов автомобил со кој се прекршува долгата традиција, а зошто е тоа така ќе се обидеме да образложиме во продолжение.

911 GT3 под поклопецот го крие 3.8 литарскиот „Metzger“ мотор кој развива импресивни 470 КС. Но, сега новиот мотор „врти“ до 9,000 rpm, а забрзува до 100 km/h за само 3.5 секунди. Максималната брзина изнесува 315 km/h, додека забрзувањето од 0 до 200 km/h трае помалку од 12 секунди.

Porsche тврди дека повеќето компоненти се уникатни за GT3, односно само неколку се позајмени од Carrera S и 911.

Со овие перформанси значи дека спортскиот изглед воопшто не нè лаже – новиот поагресивен преден браник само наговестува дека 911 GT3 е вистински спортист. GT3 има и различни предни светла, нови странични прагови како и нов заден дел со дифузер и централно поставен издувен систем.

Внатре продолжува спортскиот дух на Porsche зачинет со алкантара седишта опшиени црвен конец – комбинација која го нагласува спортскиот карактер на овој модел.

За сето ова да не биде само „на хартија“, 911 GT3 веќе излезе на најпознатата автомобилска патека – Nürburgring, каде постави време од 7 и 30 секунди со што потврди дека се работи за сериозен автомобил!

Porsche 911 GT3 ќе почне да се продава од Август оваа година, а ваквото задоволство ќе чини 137,000 евра.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.