Новата S-Class на Mercedes-Benz е тука, подготвена да ги покори широките народни маси! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата S-Class на Mercedes-Benz е тука, подготвена да ги покори широките народни маси!

Ако нешто, некогаш било симбол за моќ, луксуз и престиж, тоа била S-Klasse на германскиот производител. Најновата генерација ја доживеа својата премиера, и носи многу новитети за светските владетели со префинет вкус!

Да започнеме од моторите – како и секогаш, ќе се нудат бензински и дизел агрегати, дополнети со хибридни модели. S400 Hybrid и S500 се бензинските мотори – првиот е со 3.5-литарски V6 so 302 коњски сили и дополнителни 27 коњски сили кои ги добива од хибридниот погон. Вториот, легендарниот S500 е со 4.7-литарски V8 кој испорачува 448 коњски сили и го бутка автомобилот до 100 километри на час за само 4.8 секунди.

Дизелите ги носат ознаките S350, кој нуди 3-литарски турбодизел со 254 коњски сили, но поинтересен е S300 BlueTec Hybrid кој го користи истиот 2.1-литарски 4-цилиндерски агрегат како стариот S250, но овој пат во работата му помага хибридниот систем од S400 Hybrid. Тоа значи 100 километри на час за 7.6 секунди, максимална брзина од 250 километри на час и потрошувачка од само 4.4 литри на 100 изминати километри!

На тие мотори работата ќе им ја олесни одличната аеродинамика – коефициентот на отпор на воздух е само 0.24 Cd – со што ова е нај аеродинамичната S-Class досега. Покрај ова, новата S-Class носи и многу нова технологија, а нам најинтересен ни е системот кој користи камери за да го сними патот кој доаѓа и соодветно на тоа да ги прилагоди системите во автомобилот за најоптималното возење на патот. Исто така, во ентериерот е одено кон минимализам, односно скоро и да нема копчиња, туку целиот систем се контролира преку една контролна единица.

Можеме да зборуваме уште многу за новиот знаменосец на Mercedes-Benz (и на автомобилоте, воопшто). Сепак, ќе ве оставиме да ги погледнете фотографиите од оваа луксузна јахта на тркала и да уживате во германската технологија!

Поврзано:   Новите Vito Tourer и V-Class пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.