full screen background image
Search

Volkswagen Midsize Coupe – Најава за Jetta CC?

Дали со концептот кој Volkswagen ќе го претстави оваа седмица, Германскиот производител ќе го најави својот нов модел во Jetta гамата?

Концептот ќе носи 2-литарски бензински мотор кој испорачува 220 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за 6.5 секунди и постигнува максимални 245 километри на час – и официјалните информации кои ги имаме завршуваат тука. Според тоа што е најавено, концептот би требало да е малку пократок од Jetta, но истовремено и малку поширок од поголемиот брат – Passat. Дали со овој концепт Volkswagen ќе го „официјализира“ помалиот брат на Volkswagen CC? Доколку тоа се случи, автомобилот најверојатно ќе биде поставен на MQB платформата и ќе биде дел од фамилијата на следната генерација на Jetta  – автомобил кој ние веќе добро го познаваме.

Повеќе информации очекуваме наскоро – во меѓувреме погледнете ги скиците од концептот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.